Историјат на компанијата

Почнавме со работа на 07.07.1994 год. како автоперална и центар за продажба на нови и половни возила. Oд самиот почеток сме мултибренд компанија, овластен дилер за возилата од програмата на: Hyundai, Peugeot, Ford, Toyota и Honda.

Нашите критериуми за работа, поддржани со беспрекорни принципи, со континуираното следење во воведувањето на нови норми во автомобилската индустрија, придонесуваат да ги задоволиме желбите и потребите на нашите клиенти.

Мисија и визија

Нашата мисија е во најбрз рок да најдеме решение при Вашиот избор на нови или половни возила, кои соодветно ги одржуваме во својот автомеханичарско-лимарскофарбарски сервис. Максималната посветеност на нашиот стручно обучен тим овозможува комплетно одговарање на очекувањата на нашите клиенти, кои се наша примарна цел која не води кон врвот на успешноста.

Ставаме акцент на законските норми и регулативи и покрај продажбата, презентираме поволни услови за кредит и лизинг. За услугата која Ви ја нудиме, како суштинска предност, помагаме во средувањето и аплицирањето на комплетната документација.

Главен фокус на нашата стратегија е стремежот кон патот да останеме професионално ориентирана компанија. Таргетот кон кој целиме бара постојана стручност, усовршување и надоградба на знаењата на сите наши вработени. Посветеноста на работата е нашето движечко мото, а задоволните клиенти нашиот материјален доказ.

Со желба да бидеме подостапни до своите клиенти, во 2004 год. отворивме нов продажен салон во Скопје, а во 2007 год. комплетен автосалон и сервис во Штип.

Визијата на Авто Чајка се темели врз базичната основа на нашата долгорочна стратегија за раст и развој. Со тимска работа, искуство, одлично обучен кадар; секој клиент да биде одлично услужен, а тоа е нашиот основен мотив да создадеме одлична основа за продолжување на успешната приказна за нашата компанија.

Услуги и дејности

  • Продажба на нови возила
  • Продажба на половни возила
  • Сервисирање на возила
  • Автолимарска работилница
  • Перење на возила